Урнебесно: Пијан судија правеше циркузи на одбојкарски меч во Хрватска (ВИДЕО)
Судијата наместо да си стои каде што му е местото, влегуваше во теренот, дури одеше дотаму како да е тој одбојкар па ќе нападне од прва линија, а во еден момент враќајќи се наназад се истркала на паркетот.
Сето ова неможејќи делегатот и другите официјални лица да го гледаат, му го покажаа патот кон соблекувалната, а сега дисциплинската комисија ќе решава за казна поради неодговорното однесување.