Четири меча на гренслемовите наместени, а уште 15 вкупно на други тениски терени!

Четири меча на најголемите тениски турнири, гренслемовите, плус уште 15 на други турнири биле наместени, објави единицата за интегритет во „белиот спорт“, но без точно да се прецизира кои мечеви биле наместени.

Станува збор за по два меча на гренслемовите на Вимблдон и на УС-опен, а од единицата објавиле дека мечевите се под истрага и поради тоа не се соопштуваат имиња кои се осомничени. Во извештајот стои и дека уште 13 мечеви се наместени на АТП Челинџерите, како и еден во Дејвис-купот и еден од серијата 250.

„Сакаме да посочиме дека секоја пријава не значи веднаш дека мечот е наместен, ама на секоја пријава многу сериозно ја сфаќаме и водиме многу сериозна истрага, а шаблоните на уплати по обложувачниците може да бидар различни, од местенки, па сѐ до информации како физичката состојба на еден играч, заморот, формата, временските услови, лично околности... Затоа на три месеци објавуваме извештаи, а подетално ќе биде во годишниот извештај“, објавиле од единицата за интегритет.