Германска фудбалска легенда стапна во Скопје и - позираше пред графит на Вардар!
Еден од нив е поранешниот фудбалер на Шалке, Борусија Дортмунд и Тотнем, Штефан Фројнд, кој во минатото работеше како тренер и скаут, а сега е во улога на стручен аналист за телевизија. Тој веднаш по пристигнувањето во македонскиот главен град, ја искористи можноста да прошета и покрај разгледувањето на знаменитостите, тој не пропушти да се фотографира пред графит на Вардар.
Без разлика што црвено-црните во моментов се второлигаши, Фројнд дефинитивно со намера го овековечи моментот со најпознатиот македонски спортски бренд, за кого сигурно слушнал во минатото. Една од можностите е и фактот што кариерата ја почна во Шалке, чии навивачи се збратимени со Комити и кои неретко на своите натпревари во Бундеслигата истакнуваа транспаренти и знамиња на нашиот Вардар.