Солзи радосници: Меси со трофејот од Копа Америка пред домашните навивачи (ВИДЕО)

Лионел Меси ова лето на Копа Америка го освои првиот трофеј со аргентинската репрезентација откако во големото финале го совлада Бразил. Поради ковид-рестрикциите тимот не можеше да ја прослава големата победа се до утринава. 

По натпреварот во квалификациите за СП 2022 против Боливија и победата од 3-0, фудбалерите го покажаа трофејот пред домашната публика на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес.

Меси не можеше да ги задржи солзите радосници и се расплака пред своите фанови.