Мотор Запорожје го декласираше Мешков Брест во битката за трето место во СЕХА

Мотор Запорожје славеше против Мешков Брест со 31-20 во борбата за третото место на завршниот турнир во регионалната СЕХА-лига.

Ракометарите на двете екипи одиграа израмнето прво полувреме, кое заврши 11-11 и никој не очекуваше целосна доминација на Мотор Запорожје во вториот дел.

Украинската екипа со 4-0 го отвори првото полувреме и така избега на 15-11, а водството се зголемуваше од минута во минута и на крајот стигна до +11 (31-20).

Хориха и Денисов постигнаа по шест гола за победникот, додека на спротивната страна Малуш постигна исто толку погодоци.

ФОТО: СЕХА