Огромни маки за Јунајтед: Адидас не може да им испорача доволно дресови од Роналдо!
Како Роналдо дојде на „Олд Трафорд“, така од ден на ден, редицата за дрес пред стадионот е голема, но има еден проблем. Сѐ помалку дресови има на залиха, а побарувачката е – огромна. Првиот контингент на дресови веќе бил распродаден, како во фан-шопот, така преку он-лајн продавницата, а многу брзо стигнал и вториот контингент.
Но, проблем е што и овој втор контингент брзо ќе се распродаде поради големиот интерес, а трет прашање е кога ќе дојде. Причина е што Адидас не може да испорача доволно дресови, поради тоа што главната фабрика во Виетнам е затоворена поради пандемијата со коронавирус. Поради ова доцни испораката на дресови, а дел од навивачите кои купиле дресови преку он-лајн продавницата, добиле порака дека нивните дресови ќе доцнат и нема да може да бидат доставени пред – ноември.
„Во соработка со Јунајтед ги правиме сите напори да ја задоволиме големата побарувачка, но на сите треба да им е јасно дека ќе има доцнења и дека некои пратки сериозно ќе доцнат“, рекол портпаролот на Адидас.
Дресовите на Роналдо се продаваат по цена од 80 до 115 фунти во зависност од верзијата на дресот, но на Јунајтед од продажбата му припаѓаат само седум отсто.
Роналдо дојде во Јунајтед пред крајот на овој летен преоден рок за 25 милиони евра од Јувентус, каде играше три години, а ќе има плата нешто помалку од 30 милиони евра годишно. Потпиша двегодишна соработка со најтрофејниот англиски клуб.