Чеде го испофали Самсоненко пред Русите!

Тренерот на македонскиот фудбалски шампион, Чедомир Јаневски, на денешната прес-конференција во пресрет на мечот со Зенит на рускиот новинари се обиде да им го доближи и сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко.

Со многу пофални зборови, стратегот на вардарци изрази задоволство за соработката со Русинот.

„Сопственикот на клубот е од Русија. Тој има три екипи под исти бренд, еден фудбалски и два ракометни, во машка и женска конкуренција. Ние сме презадоволни од тоа што Самсоненко го дава во ФК Вардар. Тој е господин човек и навистина е задоволство да се соработува со него. Имаме ултра модерна инфраструктура со комплекс на кој ни завидуваат. Едноставно, благодарение на Сергеј личиме на европски клуб“, беше изјавата ја Јаневски поврзана со сопственикот на црвено-црните.

Пресметката со Зенит се игра утре со почеток во 19 часот во Санкт Петербург во рамки на 5. коло од групната фаза од Лига Европа.