Овие ЛОИ имаат и поинаков херој – дебелкото од Палау кој пливаше за свој ќејф (ФОТО)
За земји како Палау, мал остров во Тихиот океан, секој настап на свој спортист е успех, зашто станува збор за земја со 18.000 жители, помалку од петина од бројот на жители во скопската општина Аеродром. А, од Палау во базенот се појави Шон Динглиус Валас, кој за разлика од сите пливачи „како извадени од калап“, изгледаше сосема нормално. Само еден обичен човек, со „пивски стомак“, ама во споредба со пливачите – дебелко.
И не оствари никаков специјален резултат, освен што успеа да ја заврши трката и во својата група дури не беше ни последен, четврти од шест пливачи. Успех што ја заврши трката како национален шампион на малата островска земја од Океанија.
Не беше дојден ни по медал, ни по рекорди, туку чисто спортски – да го почувствува олимпискиот дух и да се натпреварува.