Србите бегаат од АБА 2: По Вршац, си замина и Џокер

Српските клубови и функционери одамна не кријат дека се против АБА натпреварувањата, но учествуваа(т) во нив поради проодноста кон Евролигата.

Тоа полека се менува, последните две години Црвена Звезда и Партизан играат во елитното натпреварување со специјална покана, па Србите сфаќаат дека немаат никаков бенефит од учеството во АБА. Тоа особено важи за оние во вториот степен на натпреварување кои поради квотата на екипите од секоја држава, немаат речиси никакви шанси да се изборат за пласман во Првата лига.

Затоа непосредно пред почетокот на сезоната своето учество го откажа Вршац, а синоќа истото го направи клубот на Никола Јокиќ, Џокер. Раководството на Џокер ја информирало АБА дека не е во можност да го продолжи натпреварувањето и сите резултати на овој тим ќе му бидат избришани иако првата фаза ја заврши со биланс 5/1.

Местото на Џокер во втората фаза од АБА 2 ќе го пополни тимот на Подгорица кој беше третопласиран, а ако е за утеха, третото место му припаѓа на македонскиот претставник Пелистер кој беше во ова друштво.