Спортинг ја одреди цената за Гјекереш

Најдобриот светски стрелец за 2024 година Виктор Гјекереш е словоден да си замине од Спортинг во јануарскиот преоден рок, но заинтересираниот за него ќе треба да плати солидна сума.

Клубот од Лисабон одреди отштета од 75 милиони евра што е реално за неговиот квалитет и изданијата оваа сезона. Досега, на 36 натпревари за Спортинг и шведската репрезентација, Гјекереш постигна 39 и асистираше за 10 гола.

Сумата која за него ја бара Спортинг е три пати поголема од онаа која португалскиот шампион ја плати за него во 2023 година кога тој дојде од Ковентри.