Голманот Алексовски го продолжи договорот со Работнички
Договорот на Алексовски со клубот од Дебар Маало заврши со првиот дел од сезоната, меѓутоа двете страни се договориле за продолжување до крајот на актуелната сезона.
Алексовски во редовите на Работнички пристигна од редовите на Ренова во 2022 година, а во кариерата досега беше дел уште од: Шкупи, Вардар и Македонија Ѓорче Петров каде што ја започна кариерата.