Агон Елези ја засили Горица

Maкедонскиот дефанзивец Агон Елези кариерата ја продолжува во тимот на Горица која го доведе на позајмица до крајот на сезоната.

Елези долго време играше во Хрватска и пред да се пресел и во Бохум повеќе од три години ги бранеше боите н Вараждин. Сега ќе се обиде да и помогне на Горица да обезбеди опстанок во најсилната хрватска лига.

Од Горица информираа дека Елези е веќе со тимот и во стручниот штаб веруваат дека ќе биде од голема помош.

Низ кариерата 23-годишниот Елези беше дел од Шкупи, Велазерими и албанскиот Скендербеу.