Франција против Словенија во полуфиналето: Италија снема сили за голем пресврт!

Франција ќе се соочи со Словенија во полуфиналето на олимпискиот кошаркарски турнир, после денешната многу тесна победа на „триколорите“ против Италија во европското дерби со 84-75 во третиот четвртфинален меч, откако Словенците и Американците веќе го визираа пласманот меѓу најдобрите четири.

Ништо не навестуваше неизвесна завршница на пресметката на Франција и Италија, откако „триколорите“ ги растурија „аѕурите“ во третата четвртина, во која им допуштија само 12 поени, а исчекорија кон полуфиналето до највисоките плус 14 пред крајот на периодот (62-48), арно ама Италија не се предаде и во последната четвртина режираше вистинска драма.

Брзо Италија ја стопи предноста од 55-64 на почетокот на завршниот период до 66-66 со серијата 11-2 за да најави пеколна завршница.

Франција поведуваше најмногу до три поени, имаше уште еден егал 73-73, а кога Италија дојде на тројка до продолженија, Франција во завршницата успеа да дојде и до убедлива победа па предноста од 78-75 дојде до триумф со 84-75.

Руди Гобер и Еван Фурние заедно дадоа 43 поени, Гобер 22, Фурние 21, а Батум додаде 15 поени за Франција. Фонтекио со 23 поени беше најефикасен, Данило Галинари со 21 поен и 10 скока и Полонара со 15 поени беа најдобри поединци кај Италија.

Четвртфиналето завршува со пресметката на Аргентина и Австралија од 14 часот.