Ужасен старт во Унгарија: Ботас исфрли четири ривали од трката! (ФОТО)

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас предизвика голем инцидент на почетокот на трката во Унгарија и притоа исфрли четири ривали од патеката.

Ботас удри во болидот на Ландо Норис, по што од трката испаднаа тие двајца возачи, како и Серхио Перез, Ленс Строл и Шарл Леклер, додека Макс Ферстапен заработи голема штета на болидот и тоа му отвори пат на Луис Хамилтон кон нова победа во Формула 1.