Летонците се најдобри баскетџии - историско прво злато и за Американките
Во многу израмнето финале во кое Русија водеше во поголемиот дел од мечот, а во завршните две ипол минути Летонија првпат поведе, пресудна беше „двојката“ на поен предност (19-18), што ја погоди Ласманис за конечна победа и историски триумф на оваа земја, која е поранешен европски кошаркарски шампион.
Американките, пак, се олимписки шампионки во баскет во женска конкуренција после триумфот со 18-15 против женската селекција на Русија во меч на кој баскетџиките на САД го диктираа темпото од почеток на финалната пресметка.
Србија во машка конкуренција, односно Кина во женска ги освоија бронзените медали на овој баскет-турнир, прв за овој нов спорт на Летните Олимписки игри.