Ѕвезда на Атланта се воодушеви од магијата на Дончиќ (ВИДЕО)

Лука Дончиќ одигра неверојатен натпревар за Словенија во победата од 118-100 против Аргентина, а неговиот настап предизвика многу реакции и од неговите ривали во НБА-лигата.

Кошаркарот на Далас маверикс постигна 48 поени и за само седум поени не го урна рекордот на Оскар Шмит од 1988 година, но и покрај тоа го воодушеви српскиот кошаркар и играч на Атланта, Богдан Богдановиќ.

„Ау брате, што правиш...“, напиша Богдановиќ на социјалните мрежи.