Алиоски и тоа како им треба: ПСВ го прегази турски Галатасарај (ВИДЕО)

Потенцијално новиот тим на нашиот Езџан Алиоски, турски Галатасарај, неочекувано беше прегазен на вечерашното гостување кај ПСВ (1-5) во првиот меч од 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите (ЛШ).

Еран Захави и Марио Геце беа диригенти во холандскиот тим, кои немилосрдно ја полнеа мрежата низ одбранта како „швајцарско сирење“ на противникот од Истанбул, на кој очајно му треба фудбалер од профилот на македонскиот репрезентативец. Првиот постигна три, а вториот два погодока, додека стрелец на почесниот гол за Галата беше Килинч.

На останатите натпревари Олимпијакос дома беше подобар од Нефтчи (1-0), Легија ја совлада Флора (2-1), Малме го доби ХЈК (2-1), додека дуелите Мура - Лудогорец и Слован Братислава - Јанг Бојс завршија без голови.