Халанд ги нападна грчките медиуми за веста дека потрошил 530.000 евра на Миконос

Грчките медиуми објавија сензационална вест дека ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд во еден ресторан на Миконос потрошил неверојатни 500.000 евра, а потоа ги почестил вработените со башкиш со 30.000 евра.

Халанд се јави преку социјалните мрежи по веста на грчките медиуми за да ја открие вистината и ги нападна Грците дека објавиле лажна вест.

Норвежанецот има одличен договор и парите за него не се проблем, но овој млад фудбалер очигледно не е тип на човек кој за неколку часа ќе потроши пола милион евра.