„Не сакам на бате Горан овој меч да му е последен, нѐ чека битка за СП“

Младата макеоднска фудбалска ѕвезда Елиф Елмас посочи дека не сака неговиот ментор капитенот Горан Пандев да замине во пензија и задутрешниот меч со Холандија во Амстердам во последното коло да му биде последен на нашиот најдобар фудбалер во репрезентативниот дрес.

Пандев веќе стотина пати најави дека многу поблизу е после ова Еуро 2020 да стави крај на репрезентативната пауза, иако многу негови и бивши соиграчи, тренери, цела македонска јавност, во неговата Џенова „притискаат“ да продолжи да игра уште една сезона.

„Не знам дали на бате Горан ќе му биде последен меч, зашто и после ова Европско имаме важни мечеви, нѐ чекаат квалификации за Светско првенство и јас се надевам дека ќе остане со нас. Не би сакал да оди во пензија. Ако тоа се случи, би сакале да го испратиме на прекрасен начин, знам дека ќе биде среќен, како и сите ние. Ама, јас посакувам и се надевам дека нема да се откаже после овој меч со Холандија“, рече Елмас.