Први неволји на Муринен со Обрадовиќ (ВИДЕО)

Младиот фински кошаркар Мика Муринен синоќа дебитираше во Евролигата, на гостувањето кај Реал, но искуствата од првиот меч не се позитивни.

Не само поради поразот од мадридскиот клуб, туку и поради лекцијата која ја доби од тренерот Жељко Обрадовиќ. Муринен на теренот помина само три минути, потоа беше повлечен и повеќе не се врати во игра.

Имаше еден пропуст во одбраната што особено го изнервира Обрадовиќ, па Муринен мораше понизно да го слуша својот тренер како му укажува на грешките.