Чалханоглу и во иднина ќе игра на „Сан Сиро“, но во дресот на Интер
Турскиот репрезентативец на 30 јуни ќе биде слободен фудбалер, а се чини нема намера да потпише нов договор со „росонерите“, кои му понудија плата од 4 милиони евра или 500.000 повеќе од она што го заработуваше изминатите четири сезони.
Сега Интер влегува во трка за неговиот потпис, бидејќи италијанскиот шампион бара замена за Кристијан Ериксен. По она што му се случи на Данецот, јасно е дека тој не може да игра во Италија поради законите кои постојат во земјата.
„Нераѕурите“ бараат ефтина варијанта како замена, па Чалханоглу би бил идеално засилување, бидејќи нема да мораат да плаќаат обештетување. Интер дури ќе му понуди и поголема плата од онаа што ја нуди Милан.