На Јокиќ му било срам да се појави пред сограѓаните во Сомбор!

Градот Сомбор планираше организација за дочек на Никола Јокиќ во петокот по повод освојување на МВП-наградата во НБА-лигата, но кошаркарот на Денвер нагетс реши да ја откаже.

Јокиќ еден ден претходно уживаше со своите коњи, а тоа се случи во ден кога соопшти дека нема да игра за репрезентацијата ова лето и ги налути навивачите на Србија.

Србинот во Сомбор пристигна во средата, кога соопшти дека поради замор нема да игра за репрезентацијата и дека му е потребен посебен одмор по напорната сезона со Денвер.

„На моја голема жал, ова е момент кога морам да ѝ соопштам на јавноста дека и покрај големата желба, не сум во можност да играм кошарка. Состојбата на моето тело е таква што морам да правам пауза. Таков е и ставот и предлогот на клубот кој морам да го прифатам. Убеден сум дека момците и без мене имаат квалитет да направат добар резултат“, вели Јокиќ.