Никој како Роналдо: Португалецот постави четири рекорди на мечот со Унгарија

Кристијано Роналдо е најголемата португалска ѕвезда, а тоа го покажа и на натпреварот против Унгарија (3-0) затоа што постигна два гола и притоа постави дури четири рекорди.

Роналдо стана првиот фудбалер кој заиграл на пет Европски првенства (ЕП) во неговата кариера, а исто така стана и прв играч кој стигнал до 10. и 11. погодок на шампионатите.

Уште еден рекорд кој ѝ се препишува на португалската суперѕвезда е и најголем број на победи (12) на првенствата.