Трстена: Овие златни момци испишаа историја, а улогата на аутсајдер треба да ги мотивира!

Македонската фудбалска репрезентација ќе дебитира на 13 јуни против Австрија на Европското првенство (ЕП), а пред почетокот на возбудувањата на нашите херои, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) направи емисија со легендарниот Шабан Трстена.

Олимпискиот шампион и великан на македонскиот спорт зборуваше за шансите кои ги имаат македонските репрезентативци на Еуро 2020.

„Имаме златни момци кои за првпат ќе играат на Европското првенство. Тие веќе испишаа историја со Македонија. Во животот често сум бил во улога на аутсајдер, но тоа ми даваше мотивација и сила за резултатите кои ги постигнав“, вели Трстена.