Брајтон и Вест Хем ремизираа: Реалноста на „чеканите“ е Лига на Европа (ВИДЕО)
Двата погодока вечерва беа постигнати во финишот од средбата. Дани Велбек погоди за Брајтон во 84.минута од натпреварот за 1-0. Гостите израмнија само три минути подоцна преку Саид Бенрама, што беше негов прв гол по 28 натпревари во Премиерлигата.