Најтрофејниот македонски клуб Вардар зачекори кон Втората лига после денешниот убедлив пораз со 1-3 во соседското дерби со Работнички, па ското невозможна мисија е пред црвено-црните за да се спасат во последните две кола, откако Ренова со триумфот против Беласица (3-1) избега на четири бода.

Хаотичната и турбулентна сезона на ланскиот првак доживува кулминација и веќе идниот викенд Вардар и официјално ќе испадне, ако „гипсарите“ успеат да победат или ако црвено-црните не ја освојат Струга, која во моментов ем што е далеку подобар и поквалитетен тим, туку и е во тесна битка за пласман во Европа.

Прашањето за победникот во соседското дерби заврши до средина на првиот дел кога Горан Силјановски и Фахрудин Ѓурѓевиќ дадоа два гола во 12-та и 26-та минута, а Стефан Јевтовски во вториот дел додаде и трет гол во 57-та колку да го запечати триумфот на дебармаллци кој ништо повеќе не им донесе на табелата, освен што одиграа за својата чест и гордост. Црвено-црните во завршницата само дадоа почесен гол преку Анатолиј Петејчук на седум минути пред крајот на мечот.

Вардар натоварен со три ипол милионскии долг и без сериозен тим оставен на најголем број на младинци, се наоѓа во безизлезна ситуација, па овој пат кон втората лига е само реален исход на случувањата во и околу клубот, по што веќе извесното прашање ги отвора прашањата за комплетниот опстанок на македонската гордост и како би се избегнала тоталната пропаст после сѐ.

Ален Јашароски со хет-трик, од кои два гола во првото полувреме на Ренова ѝ ја обезбедија победата против веќе испаднатата Беласица со 2-1, за „гипсарите“ да останат во тесната битка и за избегнување на баражот за опстанок, зашто Борец со ремито во Кратово против Силекс (1-1) е на само два бода пред нив, а кратовци на само бода, па и последните две кола ќе донесат возбудувања околу обезбедувањето на сигурен опстанок.

Јашароски погоди во 9-та, 45-та и 82-та минута, а Давид Каллпачки во 53-та само постигна почесен гол за струмичани

Пелистер со 3-1 ја победи Академија Пандев со головите на Борче Маневски во 41-та и на Дарко Илијовски три минути во вториот дел направи пресврт, откако Кире Маркоски донесе предност за струмичани во 24-та минута, а Омар Гудијаби во 72-та само ја запечати победата на битолчани, во која со одбранет пенал учествуваше и голманот Давор Талески кој му го фати ударот од белата точка на репрезентативецот Марјан Радески.

Пелистер со триумфот и дефинитивно го обезбеди тој опстанок со оваа денешна победа против пандевци, кои сега се израмнети бодовно со Ренова на позициите кои водат во баражот, еден бод зад кратовци, а два зад велешани.

Пепи Георгиев во 33-та даде гол, а Александар Мишов на десет минути пред крајот израмни во пресметката за опстанокот.