Румениге ќе биде миротворец: Ќе ги помирува гигантите со УЕФА!

Првиот човек на германскиот гигант Баер Минхен, легендарниот Карл Хајнц Румениге, кој после хаосот со Суперлигата стана повторно прв човек на Европската клупска асоцијација (ЕКА) и влезе во Извршниот комитет на УЕФА, ќе биде сега миротворец, па тој ќе разговара за помирувањето на одметниците со европското фудбалско семејство.

Суперлигата траеше само 48 часа од нејзиното формирање и после жестокиот бунт, налик „фудбалска револуција“, прво англиските премиерлигаши отстапија, а потоа уште три други клубови и практично идејата за лига на богаташите беше суспендирана. Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин најави санкции за одметниците, но јасно е дека ќе мора да дојде до помирување, а улогата на медијатор ќе ја има баш Румениге.

„Баерн не победи, ниту Румениге победи – победи вистинскиот фудбал! Тој фудбал во кој сите сме заљубени. Сите ме знаат како човек на дијалог, а не човек кој војува. Па, претседателот Чеферин ме замоли да им подадам рака за да ги решиме проблемите и да почнеме од почеток, после неколку тешки денови. Јас веднаш би сакал да ја вратам радоста, хармонијата и среќата во фудбалот, но немам 'волшебно стапче', па ќе мора да работиме. Ќе почекаме да стивне оваа бура, а потоа ќе се фокусираме на дијалогот. Чеферин, а и јас така размислувам, ме убеди во последните неколку часа дека нема намера да ја затвора вратата за никого“, вели Румениге.