Елмас доби шанса во финишот, Наполи освои бод во дербито со Интер (ВИДЕО)
Екипата на Џенаро Гатузо постигна гол во 36. минута, откако Мертенс испрати центар-шут во казнениот простор, а таму голманот Хандановиќ направи аматерска грешка и дозволи топката да заврши во неговата мрежа.
Интер ја врати резултатската неизвесност во 55. минута, откако Ериксен налета на една одбиена топка и со фантастичен удар ја затресе мрежата на Наполи за 1-1.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса од клупата за резервни фудбалери во 88. минута, но немаше многу време и простор да го промени резултатот.
Интер е лидер во Серија А со 75 бодови, односно девет повеќе од Милан. Трета е Аталанта со 64, Јувентус има 62, а Наполи останува на петтата позиција со 60 бодови.