УЕФА: Сите клубови кои ќе играат во Суперлигата ќе бидат суспендирани
УЕФА објави заедничко соопштение со Фудбалските федерации на Шпанија, Англија и Италија, како и нивните лиги, Ла Лига, Премиерлига и Серија А и се закани со суспензија за сите клубови кои ќе учествуваат во новоформираното натпреварување.
Клубовите кои ќе учествуваат во Суперлигата ќе бидат избркани од домашното првенство (Премиерлига, Ла Лига и Серија А), нема да можат да играат европски и било какви други натпревари под капата на УЕФА и ФИФА. Можно е и играчите на овие клубови исто така да бидат суспендирани и да не смеат да играат за своите репрезентации.
Од УЕФА им се заблагодарија на француските и германските клубови кои ја одбиле поканата да играат во Суперлигата.
Новото натпреварување треба да биде промовирано вечерва, а ќе биде составено од 20 клубови. Веќе се потврдени 12 тимови кои ќе играат, а тоа се Челси, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал, Ливерпул и Тотнем од Премиерлигата, потоа Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид од Шпанија и најголемите италијански клубови, Милан, Интер и Јувентус.