Борац му го расипа јубилејот од 200 меча за Сараево на Велкоски
Горан Закариќ со два гола ги шокираше сараевчани, кои се непрепознатливи пролетва, па ова беше четврти пораз во последните шест меча, по што битката за титулата допрва станува интересна и возбудлива, бидејќи Борац е сега на само два бода од лидерот, па со нова победа и кикс на Сараево може да ги прескокне.
Велкоски, кој беше долгогодишен капитен на Сараево, освојуваше титули со овој босански гигант, сезонава не е во прв план во тимот, а денеска на јубилејот 200 меча, влезе како резерва во последните 19 минути од дербито, веднаш откако Борац го дуплираше водството на мечот.
По 26 кола, Сараево има 52 бода, Борац дојде на 50, а Вележ, Широки Бријег и Зрињски имаат по 45 и меч помалку, па со победи и тоа како уште повеќе ќе се приближи во трката за круната и завршницата на сезоната ќе биде пеколна.