Тимот на Анчелоти е во криза: Евертон четири меча по ред не може да победи (ВИДЕО)

Евертон одигра лош меч на гостувањето кај Брајтон (0-0) и така ја продолжи лошата серија во Премиерлигата.

Брајтон беше подобар противник во двете полувремиња од мечот и притоа создаде повеќе шанси, но не искористи ниту една од нив.

Евертон има 48 бодови на осмата позиција, додека Брајтон е на 15. место со 33 бода.