ПСЖ остана без капитенот за реваншот против Баерн Минхен

Капитенот на ПСЖ, Маркињос нема да настапи во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) поради повреда и тоа ќе биде проблем за тренерот Маурицио Покетино.

За разлика од првиот меч од пред пет дена, во составот на ПСЖ се враќаат Марко Верати и Алесандро Флоренци, кои пред неколку дена го победија ковид-19.

Флоренци најверојатно ќе биде во стартниот состав на парижаните, додека Верати ќе ја чека шансата од клупата за резервни фудбалери.

Дуелот меѓу ПСЖ и Баерн Минхен се игра во вторник од 21 часот на „Паркот на принцовите“, а парижаните првиот меч го добија со 3-2.