Заврши сонот на ТФТ за Ф4 во Балканската лига

ТФТ Скопје загуби на гостувањето кај Берое со 91-90 во рамки на 3.коло од втората фаза во БИБЛ-лигата. За тимот од скопската населба Тафталиџе тоа беше трет пораз на третиот натпревар по кој и ги загуби шансите за едно од првите две места во групата Ф, кои водат на завршниот турнир. 

Бугарскиот тим постојано го контролираше резултатот. По првата четвртина беше 32-23, а на полувремето Берое водеше со 49-39. Во третиот период предноста на противникот беше и највисоки +22, но скопјани се вратија во последната четвртина. ТФТ имаше убава серија од 11-0 па дојде до негатива од само три поени или 85-82. Сепак, нашиот тим немаше сили за целосен пресврт во натпреварот и мораше да се помири со минимален пораз од 91-90. 

Бејли со 19 поени беша најдобар во тимот на ТФТ, а Херис и Митревски реализираа по 14 поени. Кај противникот со по 23 поени најмногу се истакнаа Гевин и Рејнс.