Вардар вечерва одржа тренинг пред утрешното дерби со Еурофарм Пелистер во рамки на плејофот од ракометната Суперлига, а на трибините се појавија околу 100 навивачи, кои им дадоа поддршка на „црвено-црните“.

Навивачите на Вардар извадија транспарент со името на хрватскиот ракометар Иван Чупиќ, како и хрватско знаме, кои потоа му ги подарија, но тоа не беше сѐ затоа што фановите со факели потоа ги бодреа вардарци пред утрешниот меч и пееја песни против гостинот од Битола.