Арсенал ги надитри „лисиците“: Артета го најде лекот за Лестер (ВИДЕО)
Мечот на „Кингс Пауер“ имаше поинаков тек од замислата на Артета, откако Јури Тилеманс донесе водство за Лестер во шестата минута, но „лисиците тука застанаа“. До полувремето, Давид Луиз и Александре Лаказете, во последните шест минути од првиот дел, направија пресврт.
Прво Луиз на асистенција на Вилијан, а потоа Лаказет од пенал. И Николас Пепе, најскапото засилување на „топчиите“, седум минути во вториот дел додаде трет гол за буквално да ја запечати победата на Арсенал со која лондончани сега имаат 37 бода и се на десетото место, но на 12 кола до крајот сѐ уште до достижни осум бода во однос на четвртиот Вест Хем за да стигнат до место во ЛШ.
Лестер со поразот остана на третото место со 49 бода, колку што има и Манчестер јунајтед на втората позиција, додека Манчестер сити е убедлив лидер со 62 бода.
Кристал Палас и Фулам во вториот пладневен меч во Премиерлигата ремизираа без голови.