Шампионот во проблеми: Лејкерс го запишаа третиот пораз во низа (ВИДЕО)
Шампионот имаше водство од 17 разлика по првото полувреме, но во продолжението комплетно се распадна, па Визардс го искористија тоа за да стигнат до петтата победа по ред. Бредли Бил постигна 33 поени, додека Расел Вестбрук имаше еден поен помалку. Во отсуство на Ентони Дејвис и Денис Шредер, очекувано Леброн Џејмс беше најдобар кај Лејкерс со 31 поен, 13 асистенции и девет скока.
Лука Дончиќ постигна 21 поен во победата на Далас од 102-92 против Мемфис. Сепак, тој не беше најдобриот играч во ростерот на Маверикс, бидејќи Тим Хардавеј Џуниор реализираше 29 поени.
НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Хјустон - Чикаго 100-120
Оклахома - Мајами 94-108
Феникс - Портланд 132-100
Јута - Шарлот 132-110