Љубовницата на Боатенг ја шокираше јавноста: Очекував да му се убие вереницата...

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг се наоѓа во центар на внимание на јавноста откако неговата поранешна вереница се самоуби пред неколку дена.

Боатенг се раздели со Касја Ленгарт пред две недели, иако требаше да се венчаат, а една недела подоцна јавноста ја шокираше веста дека 25-годишната девојка си го одземала жиотот.

Германскиот фудбалер веднаш се врати од Катар во Германија, а деталите од самоубиството засега не се познати. Сепак, во јавност сега се јави „Плејбој“ девојката Мелиса Хоув, кој тврди дека имала афера со Боатенг додека тој бил верен со Касја.

„Не сум изненадена што ова заврши вака и очекував да се убие неговата вереница затоа што момчиња како Боатенг прават психички хаос за девојките и си играат со нивните емоции и чувства. Шокирана бев на почетокот кога слушнав, но подоцна разбрав што се случило. Боатенг со неа си играше и еве што се случи на крајот. Го запознав Боатенг во Лондон и веднаш ме прогонуваше на социјалните мрежи. Бараше да одам кај него на забава и се согласив. Излегувавме неколку пати, мислев дека сум единствена, а потоа видов на една веб страна дека е верен... Веднаш ги прекинав сите контакти со него“, вели таа.