Дојде време и за тоа: Златан Ибрахимовиќ се - извини!

Синоќешната четвртфинална пресметка од Купот на Италија помеѓу градските ривали Интер и Милан (2-1) донесе драматичен финиш со оглед што беше решен со голот на Ериксен во 97. минута, но и инцидент во кој во центарот на вниманието беа Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку.

Двајцата тогаш добија жолти картони, додека Швеѓанецот потоа за груб старт доби уште еден, поради што беше испратен на трибините при водство на миланезите со 1-0 со погодок кој тој самиот го постигна. Црвениот картон за Златан противникот максимално го искористи и направи пресврт за пласман во полуфиналето. Поради ова, Ибрахимовиќ реши да се извини, но не на Лукаку туку на своите соиграчи.

„Златан се извини. Како голем шампион каков што е тој самиот“, изјави тренерот на Милан, Стефано Пиоли.

Швеѓанецот црвениот картон го доби во 58. минута по старт над Србинот, Александар Коларов.