Челси новиот менаџер го промовира утре

Френк Лампард денеска доби отказ од Челси поради просечните резултати сезонава иако потроши фантастични 225 милиони фунти на нови играчи.

Пласманот на табелата (9.место) е под стандардите за еден клуб како Челси. Сопственикот Роман Абрамович немаше друг избор осве да ја отпушти клупската легенда.

Медиумите велат дека нов менаџер на „сините“ ќе биде Томас Тухел, кој неодамна беше отпуштен од таборот на ПСЖ. Според „Атлетик“, Челси и Германецот веќе се договориле. Се очекува клубот официјално утре да соопшти дека Тухел седнува на клупата, но останува под знак прашалник кога ќе може да почне со работа.

Доколку биде негативен на Ковид-19 при влезот во Велика Британија, тој нема да мора да оди во задолжителен карантин, бидејќи фудбалот се смета за елитен спорт, но нема да може веднаш да работи со екипата. Ќе мора да почека неколку денови за да може да држи тренинзи и да биде со тимот на натпреварите.

Тухел ќе добие двегодишен договор од Челси.