Дејан Манасков во Веспрем игра баскет и „сонува“ за - НБА (ФОТО)

Ракометарите често знаат да се опуштаат играјќи други спортови на тренинзите, што беше случај денеска во таборот на унгарскиот шампион Веспрем, кој на социјалните мрежи објави фотографии како играчите на овој тим наместо да тренираат играат – баскет.

Меѓу најагилните во оваа „пресметка“ е и македонскиот интернационалец, Дејан Манасков, кој не се најде на списокот на селекторот Данило Брестовац за Светското првенство (СП) во Египет, каде што „жолто-црвените“ не блескаат иако се пласираа во втората рунда. Левото крило одлично се наоѓа во кошаркарската улога.

Bármelyik pillanatban hívhat minket az NBA. ⛹️ The NBA can call us any moment. 🏀 #RedUnited

Posted by Telekom Veszprém Handball Team on Thursday, January 21, 2021

Според објавата на унгарскиот тим, ракометарите на Веспрем, вклучувајќи го и Манасков, до толку добро се снаоѓаат во играта со портокаловата топка што би било подготвени да одговорат дури и на евентуален повик да играат во НБА. Секако, ова е кажано,односно напишано, на шега.