Кузмановски по дебаклот од Шведска: Не е лесно да се игра во услови на коронавирус!
По средбата, еден од бековите во нашиот тим, Филип Кузмановски, му честита на противникот, но и се осврна на проблемите со кои се соочуваат ракометарите.
„Не одигравме како што знаеме. Шведска беше подобар противник, поради што им честитам на заслужената победа. Организацијата на Мундијалот и хотелот во кој сме сместени се прекрасни, немаме никакви проблеми, уживам играјќи за првпат во Египет. Искрено, тешко е да се игра во услови на коронавирус, но се надевам дека состојбата ќе се подобри и навивачите наскоро ќе се вратат во салите“, изјави Кузмановски.
Следен предизвик за „црвено-жолтите“ е утрешниот дуел со Египет, меч закажан со почеток во 18 часот.