Еурофарм Пелистер го купи најдобриот голман од Египет!
Хандави потпиша договор и официјално ќе биде претставен штом ќе му завршат репрезентативните обрвски на Светското првенство. Има 32 години, долго време е чувар број еден на мрежата на Египет, а има и акумулирано искуство од настапи во Европа. По искуството во Замалек, во шампионатот на Египет, Хандави мина две сезони во првакот на Турција, Бешикташ, а последен клуб за кој настапуваше е романската екипа Доброгеа Суд.
Хандави е висок 188 сантиметри, важи за импулсивен и темпераментен голман и ќе се бори за место во тимот покрај Чаневски и Трајковски. Со египетската репрезентација освои злато на Африканскиот шампионат во 2016 година на домашен терен и во 2020 година во Тунис.