Први детали од истрагата: Докторот на Марадона е виновен за неговата смрт!?
Почна истрагата за да се откри дали докторите имаат некаква врска за неговата смрт, а денеска јавно беа објавени резултатите од почетниот дел на истрагата.
„Никој не се грижел за пациентот како што треба и докторите не биле организирани. Состојбата не била следена како што треба. Не добил никакви лекови за срце. Неговиот доктор Леополдо Луке ја координирал домашната нега која не била организирана. Пациентот му верувал. Докторот беше избор на Марадона, а тој сакаше да влезе во историјата како доктор, кој го спасил“, вели обвинителот.
Луке би можел да заврши и во затвор поради негрижата кон неговиот пациент.