Се појави и фудбалер во Премиерлигата кој смета дека ВАР е – одличен!

Откако се воведе видео-технологијата (ВАР), речиси да нема фудбалер или тренер кој гневно реагира на одлуките што судиите ја добиваат, посебно при поништените голови за милиметарски офсајди, па вистинска реткост е некој да го пофали ВАР, а такво нешто направи фудбалерот на Челси, Жоргињо.

Буквално цела Англија остана подзината откако во морето на поплаки и реакции за ВАР во англиската Премиерлига се појави и човек што ја пофали новата технологија, потенцирајќи дека не гледа и не ја разбира причината зошто сите се жалат.

„Искрено мислам дека ВАР е од голема помош. Мислам дека не зема ништо, туку сака да помогне во тие ситуации. Мое мислење е дека е добро што го имаме“, вели Жоргињо.