Докторот кого го обвинија за смртта на Марадона: Правев и невозможни работи за него, ама тој...

Леополдо Луке, лекарот кој се грижеше за здравјето на трагично починатата аргентинска легенда Диего Марадона, се соочува со обвинение за негрижа и лошо лекување, па вчера полициска рација имаше во неговата куќа и во клиниката каде работи.

После рацијата и бураша што го зафати два дена после погребот на Марадона, Луке првпат се јави за да им порача на сите Аргентинци дека тој најмалку е виновен за смртта на фудбалскиот великан, за кој целиот свет е неутешен и после пет дена од смртта. Тој посочува дека за Марадона правем сѐ, дури и невозможни работи, ама...

„Сакате да знаете за што сум одговорен? За тоа што го сакав, за тоа што се грижев за него, за тоа што му го продолжив животот и го направив подобар. Јас се грижев за него, горд сум за сѐ што направив и нема што да кријам. Јас стојам на обвинителството за сѐ што треба“, вели Луке.

Тој посочува дека не знае зошто немало дефибрилатор во куќата, а тој не бил негов лекар за рехабилитацијата, но не му е јасно зашто и тој ден немало брза помош пред куќата, иако според протоколот требало да стои постојано за секој счучај. Ама на крај посочи дека Марадона не бил дисциплиниран околу рехабилитацијата.

„Јас сум неврохирург, ама Диего не сакаше да оди на рехабилитација. Требаше да оди, ама...Не сакаше ни помош од физиотерапевти. Психијатар бараше пред неговата куќа да има брза помош и сега не знам кој е виновен што баш тој ден немаше возило таму. Јас можам да ви кажам само дека Диего беше многу тажен, сакаше да биде сам. Не зашто не ги сакаше ќерките, семејството, пријателите, туку сакаше да се осами. Беше храбар човек“, додаде Луке.

Марадона почина две недели откако беше отпуштен од болница, а Луке го оперираше за да се спречи крварење во мозокот поради хематом, операција која траеше час и половина и мина успешно во тој момент.