Вецлар и Миркуловски го декласираа Лудвигсхафен и испишаа нова клупска историја

Вецлар славеше убедлива победа од 29-11 во рамки на 9.коло во германската ракометна Бундеслига. 

Тоа воедно беше дуел на двајца македонски интернационалци, Филип Миркуловски на победничката страна, додека Мартин Томовски кај гостите. Миркуловски беше стрелец на само еден гол за домашниот тим, а голманот Томовски за Лудвигсхафен успеа да запише само една одбрана.

Интересно е тоа што Вецлар ја запиша својата најголема победа во историјата на Бундеслигата. 

Вецлар е петти на табелата со 10 бодови од 8 натпревари, додека Лудвигсхафен е на 18-тата позиција со само три освоени бодови.