Андонова: Минатата година беше ужасна, сега сакам да покажам сѐ!
Андонова повторно се враќа во препознатлив ритам, па на теренот е една од најдобрите фудбалери на женскиот тим на Леванте, откако минатата сезона настапи само на осум меча и потоа најголемиот дел го помина во рехабилитации од повредите.
„Одлично се чувствувам и сега сакам сето тоа што го можам да го покажам на теренот. Сакам да продолжам да давам сѐ повеќе и повеќе на теренот, на секој меч и да му помогнам на тимот. Ланската сезона беше ужасна, имав лоши периоди и сега сакам да го покажам тоа што го пропуштив“, вели Андонова.
Македонската фудбалерка му честита на својот колега од Леванте, Енис Барди за пласманот со Македонија на ЕП, со желба и сон и таа да дочека таква радост со женската репрезентација на Макеоднија.
„Сакам да му честитам на мојот сонародник Енис Барди за пласманот со Македонија на ЕП. Нѐ направивте сите горди и радосни и би сакала да направам нешто слично како машката селекција во иднина“, додава Андонова.