
Србија во шок: Интер не му дозволил на Коларов да игра против Шкотска
Српската јавност беше изненадена кога во тимот го немаше капитенот Александар Коларов. „Моцарт“ открива дека Интер му забранил на дефанзивецот да настапи на натпреварот, бидејќи и натаму има проблем со повреда.
Искусниот Коларов на играше ниту минатиот викенд за Интер против Аталанта, па „нераѕурите“ не сакале тој да ризикува нова повреда без разлика што дуелот на Србија е од круцијално значење.
Дефанзивецот три часа пред почетокот на натпреварот на стадионот „Рајко Митиќ“ ја напуштил репрезентацијата. Она што најмногу го заболело селекторо Љубиша Тумбаковиќ, но и челниците на Српскиот фудбалски сојуз е тоа што Коларов воопшто не се ни противел на одлуката на Интер. Ниту правел притисок да игра, ниту се жалел, туку веднаш го прифатил нивното барање и ја напуштил репрезентацијата.
Кариерата на Коларов во националниот тим на Србија и официјално е завршена.