Уште една одлична партија на Манасков за Веспрем

Дејан Манасков откако пред два дена му даде неверојатни 16 голови на Ференцварош, денеска го предводеше Веспрем до нова победа во унгарскиот шампионат. 

Шампионот гостуваше кај СБС-Егер и славеше со 40-21. Македонскиот репрезентативец беше најефикасен со девет голови од 10 обиди, додека Андреас Нилсон и Гашпер Маргуч постигнаа по седум. 

Веспрем има 10 победи на 10 натпревари во унгарскиот шампионат.