
За МОК важат само насоките на ИОК, ама не и законите на Македонија?!
Тој објасни дека Пливачката федерација на С. Македонија (ПФСМ) на Александар Маленко има право да гласа бидејќи без разлика што не е впишана во Централниот регистар бидејќи е единствена призната од Светската федерација (ФИНА). За стреличарите, пак, на кои наводно им е одземено решението за вршење дејност спорт, кажа дека за МОК не важат законите на државата, туку исклучиво насоките дадени од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК)
„На политика ѝ нема место во олимпизмот. Поради тоа за нас важат насоките на ИОК, според кои работиме. Затоа сметам дека овие две федерации имаат право на глас на ова Собрание“, изјави Поповски.
На оваа негова изјава реагираа поголем број членови, кои не можеа да прифатат теза дека МОК треба повеќе да се грижи за насоките од ИОК отколку за законите на државата во која функционираат и која ја претставуваат.
Собранието на кое треба да се избере наследник на Васил Тупурковски, место за кое се борат Даниел Димевски и Александра Војнеска-Зикова сѐ уште е во тек.